Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев стартува со реализацијата на Интервентниот план на инвестиции за периодот 2021-2027 година.Овој инвестициски план е реален, остварлив и во првите фази на реализација ќе биде движечка сила на севкупниот економски раст и развој, соопштија од СДСМ.
Оттаму додаваат дека со планот се предвидува реализација на низа инфраструктурни проекти, изградба и реконструкција на регионални и експресни патишта низ целата држава, како и инвестиции во железницата.
-Подготвена е првата фаза од експресниот пат Штип – Радовиш во вредност од 54 милиони евра.
50% во употреба е пуштен експресниот пат Крупиште – Кочани во вредност од 37 милиони евра, а во тек е реализацијата на делницата Крупиште – Кочани.
Избрани се изведувачите за експресниот пат Градско – Дреново – Фариш, се очекува потпишување на договорите, со што работите на оваа многу значајна делница можат да започнат уште ова лето.
Автопат Скопје – Блаце, во вредност од 120 милиони евра, која ќе го гради македонската компанија „Гранит”.
Проектите во патната инфраструктура се во вредност од околу 1,6 милијарди евра, додека во железничката инфраструктура над 1,1 милијарди евра, за периодот 2021 – 2027 година.
Целта на овој инвестициски циклус е фокусирање на нови и веќе познати инвестиции во енергетската инфраструктура, патна и железничка и гасоводна инфраструктура, во отпадот и пречистителните станици, преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура.
Како одговорна партија остануваме посветени на инвестиции во се она што е во интерес на граѓаните и државата, инвестиции кои значат економски раст, развој на регионите и повисоки животни стандарди на сите граѓани, информираа од СДСМ.