Италијанската полиција заплени ЕДЕН ТОН КОКАИН сокриен во контејнери со банани (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
318 прегледи

Полицијата во италијанското пристаниште Гиоа Таура заплени еден тон кокаин кој бил скриен во 2.100 контејнери со банани кои пристигнале од Еквадор.

Запленетиот кокаин бил со чист квалитет во вредност од околу 225 милиони евра, пренесува порталот „Егзит“, повикувајќи се на италијанските медиуми.

Акцијата е спроведена во соработка со канцеларијата на регионалниот обвинител за борба против мафијата.

Претходно преку ова пристаниште поминаа и две пратки кокаин од Јужна Америка, наменети за Косово и Албанија.

Слични содржини