183
Во Полициската станица Куманово, Х.А.(34), С.Е.(21), Р.А.(21) и Ф.Е.(16), сите од Авганистан, вчера во 15.30 часот пријавиле дека околу 00.15 часот во близина на Транзитен центар Табановце биле нападнати од неколку лица од Пакистан и од Индија, кои потоа им одзеле пари.
Според пријавеното, лицата употребиле остар предмет и пиштол. По преземени мерки, во врска со настанот, во с.Лојане, општина Липково, од слобода биле лишени Л.С.(23) од Индија, М.А. од Пакистан, И.Х.(31) од Пакистан, П.К.(20) од Индија и 16-годишник од Пакистан.