Пристигнуваат нови количини вакцини од Турција, Бугарија и Грција

од Берта Китинска
182 прегледи

Пристигнуваат вакцини и од Турција. Вчера министерот за здравство Венко Филипче кој оствари средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип информираше дека земјава ќе добие донација од 30.000 вакцини од производителот Синовак

-Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, напиша Филипче.

Покрај оваа донација во земјава треба да пристигнат и вакцини од Бугарија и Грција. Воедно министерот најави дека во наредните седум дена треба да пристигне количина 500 илјади кинески вакцини.

На вакциналните пунктови во државата, според последните податоци вакцинирани се вкупно 245.413 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 384.466 дози вакцини, а ревакцинирани се 139.053 граѓани

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Слични содржини