Уште еден град на листата: Во пет општини нема заразени со ковид 19

од Берта Китинска
380 прегледи

Богданци се приклучи на листата на градови каде нема заразени лица со ковид 19.

Според податоците на министерството за здравство во моментов нема ниту еден активен случај во : Демир Капија, Пехчево , Дојран и Пробиштип. Бројот на активни случаи значително е намалени и во главниот град кад вчера имаше 395, а денеска се регистрирани 299 заразени лица.

Како што предходно информиравме,  Комисијата за заразни блести од 15-ти јуни ќе предложи полцискиот час да почнува од 01-04 часот .

Министерот за здравство Венко Филипче, пред неколку дена рече дека доколку вирусот остане со намалена преносливост  можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки.

– Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки – рече Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.417, бројката на оздравени пациенти е 149.292, на починати е 5.455, а бројот на активни случаи изнесува 670.

Слични содржини