Авионот на потпретседателката на САД итно приземјен во воена база

од Nikola Popovski
280 прегледи

Авионот со американската потпретседателла Камала Харис се вратил во воената база во Мериленд денес, 30 минути по полетувањето поради технички проблеми.

Портпаролката на американската потпретседателка Симон Сандерс изјавила дека техничките проблеми „немаат големо влијание врз безбедноста“ на патниците.

Авионот безбедно слетал во базата Ендрус, а Харис ги поздрави присутните со подигнат палец кога се симнала од авионот.

„Добро сум, добро сум. Сите изговоривме кратка молитва, но добро сме“, рекла Харис.

Харис ќе го продолжи патувањето до Гватемала и Мексико со друг авион во рок од еден час, изјавила Сандерс.

Слични содржини