314
ВИКТОРИЈА ДЕ АНГЕЛИС, 21-годишната басистка на италијанскиот бенд Манескин, која победи на Евровизија оваа година, на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира топлес и ја скокотна фантазијата на своите обожаватели.
Едната дојка ја покри со својата долга коса, а постави ѕвезда над другата брадавица.
Ова не е прв пат Викторија да објави провокативни фотографии. Нејзиниот профил е полн со фотографии на кои позира во долна облека и топлес, а исто така е фотографирана гола во неколку наврати во друштво на други членови на бендот, пејачот Дамијано Давид, тапанарот Итан Торчи и гитаристот Томас Раџи.