Поранешниот американски претседател Доналд Трамп апелираше до членовите на неговата Републиканска партија да ги поддржат кандидатите лојални на него на следните избори за Конгресот на САД.
На синоќешната конвенција на републиканците во сојузната држава Северна Каролина, Трамп навести дека влегува во поактивна фаза во периодот по претседателскиот мандат.
Тој најави дека ќе биде активно вклучен во кампањата на кандидати „кои ги делат неговите вредности“ пред изборите за Конгресот на САД во ноември 2022 година.
Некои републикански лидери стравуваат дека зајакнувањето на кандидатите наклонети кон Трамп може да ја загрози борбата на партијата за контрола над Конгресот на изборите следната година.