За траект до грчките острови потребно е да се пополни прашалник

од Vladimir Zorba
285 прегледи

За патување на еден од грчките острови со траект или брод, потребно е, покрај тоа да ги имате сите документи потребни за преминување на границата, пред да се качите треба да пополните прашалник со основни информации или претходно да го сторите тоа преку Интернет.

Пред патниците да се качат на траектот, при купување билет, треба да пополнат прашалник што можат да го добијат од вработените, објави грчката агенција „Никана Травел“.

Ако некој не сака да губи време за пополнување на прашалникот, може да го пополни на Интернет и да го зачува на својот телефон или да го испечати.

Пополнување на електронски формулар е можно од 4 јуни, преку веб-страницата sea.travel.gov.gr. Во прашалникот потребно е да се внесе името на траектот, компанијата и во кое време некој планира да се качи на траектот.

Доколку не сте сигурни со кој траект ќе патувате до островот, како и за кое поаѓање ќе пристигнете, ве советуваме да го пополните прашалникот на лице место, велат во „Никани травел“.

Слични содржини