Британските корисници на апликации за запознавање ќе можат да изберат дали сакаат на нивните профили да биде прикажано дека биле вакцинирани против ковид-19. Сепак, нема да биде можно да се провери дали оние што ја имаат таа ознака навистина ја примиле вакцината.
Сопствениците на апликациите за дружење Tinder, Bumble, Badoo, Match, Hinge, Pleasure of Fish, OurTime и Muzmatch соработуваа со владата на Велика Британија. Bumble исто така ќе им овозможи на своите членови да споделуваат преференции во однос на пандемијата, како што се ставовите за физичката оддалеченост и носењето маски.
Британскиот министер задолжен за вакцинација, Надим Захави, ја опиша новата иницијатива како „неверојатна вредност“ за британската програма за имунизација против ковид-19.
Неодамнешното истражување спроведено на скоро 5.000 возрасни Британци покажа дека 28 проценти не би излегле со некој што не бил вакциниран, додека два проценти не сакаат да излезат со некој кој примил една од вакцините.