СЕ ШИРИ ИНДИСКАТА ВАРИЈАНТА: Короната повторно ја нападна Кина

од Stefanija Kuzmanovska
149 прегледи

Поради ширењето на коронавирусот и зголемувањето на бројот на пациенти, во текот на последните неколку дена во Гуангжу, главниот град на провинцијата Гуангдонг на југот на Кина, на граѓаните нема да им биде дозволено да патуваат од денес, освен ако не докажат дека патувањето е неопходно.

Новите правила предвидуваат дека сите оние кои се одобрени за патување мора да имаат негативен резултат од тестот за коронавирус, не постар од 48 часа, а истите правила важат и за другите граѓани на провинцијата, пренесува АП.

Во тој дел на Кина се шири таканаречената „индиска“, делта варијанта на коронавирусот, која се пренесува побрзо и поефикасно, бидејќи инкубацијата трае подолго, па заразените често не се свесни дека се преносители на инфекцијата.

Од 21 мај, повеќе од 100 нови инфекции се потврдени во Гуангжу, а откриени се четири нови случаи во последните 24 часа.