Неделен извештај на ИЈЗ: Намален бројот на нови случаи

од Stefanija Kuzmanovska
361 прегледи

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 31 мај до 06 јуни 2021, тестирани се вкупно 19.672 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 9,1% во однос на минатата недела.

Регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=65; 41,9%), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Процентот на позитивност се движи од 0,1% до 1,4%, просечно 0,7%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=52, 33,5%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=26; 16,8%), 40-49 (n=25; 16,1%), 30-39 (n=20; 12,9%) и 20-29 (n=18; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=4; 2,6%) и 10-19 години (n=10; 6,5%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 465 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 13 смртни случаи од 6 града, 45,8% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.

Слични содржини