Министерот за надворешни работи Светлан Стоев разговараше со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ за приоритетните прашања на агендата на Унијата, вклучително и закрепнување од ефектите на Ковид-19, вклучително и за спроведување на Механизмот за обновување и одржливост, животна средина и климата, миграцијата, како и процесот на проширување на ЕУ.
„Бугарија отсекогаш ја поддржуваше европската перспектива на земјите од Западен Балкан и како земја во регионот јасно сфаќа дека патот кон ЕУ е најсилниот фактор во транзицијата кон демократско управување“, рече бугарскиот министер за надворешни работи, цитиран од БГНЕС.
Во однос на европската интеграција на Република Северна Македонија, Светлан Стоев истакна дека позицијата на Бугарија е јасна, конзистентна и предвидлива и не е променета. Тој изјави дека привремената влада се води според Рамковниот став и декларацијата на Националното собрание од октомври 2019 година.
„Нашата позиција ужива и поддршка од 85 проценти од бугарските граѓани“, вели тој.
„Бугарија отсекогаш покажувала волја за конструктивен и прагматичен дијалог со Скопје. Ние ќе продолжиме да работиме за враќање на довербата “, рече министерот Стоев.
„Очекуваме правни гаранции за усогласеност со Договорот од 2017 година и конструктивен одговор од Скопје за долгорочно решение на прашањето“, додаде тој.