СЗО за потеклото на корона: Немаме моќ да ја принудиме Кина да открие повеќе информации

од Stefanija Kuzmanovska
316 прегледи

Мајк Рајан, директор за програми за итни случаи при Светската здравствена организација (СЗО), денес изјави дека СЗО не може да ја принуди Кина да открие повеќе информации за потеклото на ковид-19, но најави дека ќе предложи дополнителни студии кои ќе помогнат со сигурност да се утврди како вирусот се проширил меѓу луѓето.

– Немаме моќ да принудиме некого да открие повеќе информации. Очекуваме соработка, пристап до информации и поддршка од сите земји-членки во ова истражување – рече Рајан на прес-конференција, пренесува „Ројтерс“.

Во оптек има две теории: првата е дека вирусот преминал од животни на луѓе и втората дека пристигнал по грешка од лабораторијата во Вухан.

Членовите на истражниот тим на СЗО, кои биле во Кина, тврдат дека немале пристап до сите информации, што дополнително ја поттикнува дискусијата за недостаток на транспарентност од страна на кинеските власти за време на истрагата за случајот за потеклото на вирусот.

Слични содржини