Ѓорчев: Мнозинството на СДСМ е прилично слабо и на климави нозе

од Vladimir Zorba
214 прегледи

„Ако има парламентарни избори ние апсолутно сме подготвени. Но, ако мене лично ме прашувате мислам дека е добро и неизбежно да имаме локални избори, на тие локални избори очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно, посебно тука во Штип и во Источна Македонија. А, после тоа не би исклучил некое рекомпонирање за тоа што мнозинството на СДСМ е прилично, прилично слабо и на климави нозе“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при гостување во емисијата „Што мисли Народот“ на ТВ Стар.

Ѓорчев додаде дека СДСМ во Парламент има без коалициони партнери 29 пратеници, а ВМРО- ДПМНЕ има 40 во моментов, а со коалициони ВМРО-ДПМНЕ има 44 пратеници.

„Ако ги ставиме на куп сите тие 15 партии кои што ги има СДСМ коалицијата доаѓаат едвај до 62 пратеници“, нагласи Ѓорчев.

Ѓорчев појасни дека тема за локалните избори сега која ќе се говори се проблемите по општините, ветено од градоначалниците на СДСМ но нереализирано, но и темата со КОВИД – 19 ќе биде доста актуелна.

„Мислам дека темите и расположението на сентиментот на локалните избори ќе биде свртено на она што се однесува на националните и државните теми, но исто така и темата со КОВИД-19“, рече Ѓорчев.

Ѓорчев потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во Источна Македонија изгради факултет за да заживее регионот.

Слични содржини