Германија: Договорот со Приштина е услов за прием на Србија во ЕУ

од Nikola Popovski
135 прегледи

Сеопфатен и законски обврзувачки договор меѓу Белград и Приштина е еден од предусловите за пристапување на Србија во Европската унија, порачуваат од Канцеларијата за информации на германската влада за приштински „Клан Косова“.

Според нив, германската федерална влада силно ги поддржала преговорите меѓу Белград и Приштина, преку специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, кој е под надзор на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.

„Целта е сеопфатен, правно обврзувачки договор за целосно нормализирање на односите меѓу Србија и Косово. Како што е утврдено во рамката за преговори на ЕУ, таквиот договор е еден од предусловите за пристап на Србија во ЕУ“, тврди канцеларијата.

Канцеларијата додава дека Германија ја ставила визната либерализација за граѓаните на Косово и Метохија на агендата на надлежните тела на ЕУ, но дека не е постигнат договор за укинување на визите за граѓаните на Косово и Метохија.

„Федералната влада продолжува да ја поддржува либерализацијата на визниот режим за Косово врз основа на исполнување на утврдените критериуми. Одлуката за тоа треба да ја донесе Советот на Европската унија “, наведуваат од канцеларијата.