Вода на подот, скршени светла: Скапува зградата на Универзитетската библиотека

од Берта Китинска
287 прегледи

Состојбата во читалните на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, е во крајно лоша состојба, покажуваат фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи деновиве .

Во изјава за медиумите од  НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје велат дека очекуваат владата и министерството за култура да превземат мерки.

– Очекуваме од Владата и Министерството за култура да превземе мерки т.е. да ги обезбеди финансиските средства и да се реновира целата зграда а под итно кровот и читалните. Се надеваме дека во најбрз можен рок ова ќе се реализира и читателите ќе може да работат, учат и истражуваат во нормални услови,  велат од Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“.

Слични содржини