Сари ќе стане нов тренер на Лацио

од Vladimir Zorba
337 прегледи

Италијанскиот фудбалски стручњак Маурицио Сари (62) треба да биде промовиран во нов тренер на Лацио оваа недела, објавија италијанските медиуми.

Во јуни 2019 година, Сари потпиша тригодишен договор со Јувентус. Иако го освои италијанскиот шампионат, поради испаѓање во осминафиналето од Лигата на шампионите од Лион во август минатата година, тој доби отказ.

Пред тоа, тој успешно го водеше Наполи три години (2015–2018) и помина една сезона на клупата на Челси (2018–2019).

Слични содржини