Ременски: Зачудува латентната политичка и политиканска реторика на Русковска

од Берта Китинска
263 прегледи

Македонија е сѐ уште земја каде полицијата обвинителството, судовите знаат да местат процеси. Монтираните процеси се монтираат во структурите, првично во полицијата, продолжува во ЈО, и таа теза продолжува во суд, вели во Утрински брифинг, професор д-р Фросина Ременски.

Taa вели дека  не може политички да се тера кривично-правен наметнување на ПР приказна.

„Зачудува латентната политичка и политиканска реторика на Јавниот обвинител Вилма Русковска. Јас стојам на тоа што го зборувам. Ова е навистина нешто што наликува, токму на она што јас го нотирам и знам како функционираат оние удбашко-параполициски договарања во спрега со ЈО. Не може политички да се тера кривично-правен процес, обидот за ПР наметнување на приказна, да се создаде неков привид за некаков случај, за некакво постапување, јас го гледам од почетокот на 2019, да не кажам со случајот „Рекет“, што продолжи со монтирање на овој случај (Меѓународен сојуз) за да се заборават факти кои што Јавното обвинителство не ги одбрани и докажа во „Рекет“.Но ако денеска ја прашате Русковска да ви даде одговор за бегството на Никола Груевски, да ви даде одговор што направила, што направила по случајот „Двојник“, таа заборава една многу јака дефиниција за организиран криминал, дека тој по правило, криминалните структури создаваат параинституционална структура, систем за заштита од идно кривично гонење. Нема случај во нашата поблиска историја каде ќе видите ПР стратегија која што ќе наметнува теза која треба да ја докажува, а не да бега од тезите во судските постапки“, вели Ременски.

Слични содржини