Францускиот претседател Емануел Макрон беше удрен со шлаканица денес при официјална посета на одделот Дром во југоисточна Франција. Ново видео објавено на социјалните мрежи покажува поинаков агол од нападот врз Макрон.
Новото видео покажува како францускиот претседател трча кон граѓаните со маска, придружуван од две лица од обезбедувањето. Макрон се приближил до оградата и фатил за рака еден од насобраните, по што тој му удрил шлаканица.
Вознемирен, Макрон рефлексно се поместил настрана, а припадниците на обезбедувањето го одвлекле кон автомобилот. На оваа снимка се слуша ударот.
Еден член на обезбедувањето веднаш го однел претседателот на сигурно, додека други го собориле напаѓачот на земја и го совладале.
Набргу потоа пристигнала полицијата, а човекот кој го удрил Макрон бил однесен во полициската станица. Во тој момент, насобраните граѓани му пружаат поддршка на Макрон и го покануваат да се фотографира.