Африканскиот сој на корона стигна во Косово

од Nikola Popovski
205 прегледи

На Косово и Метохија, потврден е случај на африканската варијанта на корона, односно сојот Бета, според најновата класификација на Светската здравствена организација.

Институтот за јавно здравје на Косово објави дека пациентот на кој му било потврдено дека го има овој сој на вирус корона се лекува на Клиниката за инфективни болести во Приштина.

Се додава дека се испитуваат сите контакти на заразеното лице со цел евентуално откривање на други случаи.

Во Косово веќе неколку недели се забележува видно опаѓање на бројот на починати и на заболени од ковид-19. Во последните десет дена, на пример, вкупно се регистрирани три смртни случаи како последица на заразата, а дневно има по 10 до 15 новозаболени. Високи се и бројките на лица кои ја совладале болеста, што придонесе за опаѓање на бројот на активни носители на вирусот, така што, според последните податоци на косовските здравствени власти, во земјата во моментов има 1.074 заразени од Ковид-19.