Никола Јокиќ ја понесе наградата за најдобар играч во НБА-лигата, а беше снимен и моментот кога ја дозна веста.
Српскиот центар ги дозна вестите во хотелот со соиграчи пред вториот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција со Феникс Санс.
Реакцијата на тимот покажа дека сите само чекаа конечно да се официјализира наградата МВП.
Се претпоставуваше дека Јокиќ ќе ја освои наградата, а неговите соиграчи му честитаа и го скандираа неговото име.
Сепак, немаше претерана еуфорија, иако имаше аплаузи и овации од соиграчите, додека српскиот центар мирно ракоплескаше.
Го гушкаше и тренерот Мајкл Мелоун, а Јокиќ потоа му мавташе на семејството, откако еден од членовите на Нагетс му го подаде телефонот.
„Ова е првиот МВП во историјата на Нагетс и прв МВП од вториот круг на НБА драфтот. Прв досега и прв од многумина“, изјави тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.
По ова се огласи и српскиот кошаркар.
„Ова е индивидуална награда, иако е мој трофеј, не можев да го добијам без вас, вие сте голем дел од ова. Им благодарам на сите во оваа просторија“, им рече Јокиќ на своите соиграчи.
Јокиќ во гласањето освоил вкупно 91 прво место и вкупно 971 поен, Џоел Ембид бил втор со 585 поени, а Стеф Кари трет со 453 поени.
Adam Silver officially grants Nikola Jokic the MVP 🏆
(Via @NBAonTNT)pic.twitter.com/6165ZTNc7U
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) June 8, 2021