Вакцинацијата мора да се случи независно од прележаната болест и независно од тежината на прележаната болест , вели директорката на Клиниката за Инфективни болести и фибрилни состојби Милена Стевановиќ.
„ За тоа колку време треба да помине од прележување до вакцинација, колегите во медицинските научни истражувања велат дека треба комплетно да бидат повлечени сите клинички симптоми од болеста, а тоа е најмалку еден месец после заздравувањето. Секако дека овие пациенти ќе имаат имунитет најмалку шест месеци. Ние ги гледаме најкратките возможни рокови, повторно со предострожност да ги заштитиме пациентите“,рече Стевановиќ во вечерашното гостување на вестите на Сител.
Таа потсети дека ниту една вакцина не може да биде стопроцентна заштита од одредена инфекција и равој на болест, но она што може да го направи е да го заштити човекот од исклучително тешки клинички слики и најнепосакувани исходи од болеста, смртните исходи.