Бектеши: Фотографиите од мострите за анализа на мазут се стари

од Берта Китинска
205 прегледи

Фотографии од земени мостри за анализа на мазут во Макпетрол и од странска компанија се стари, тоа не се примероците за петте вратени цистерни во периодов од кога се прават контроли изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Веќе проверивме заедно со вицепремиерот Николовскиво соработка со царинската управа, тие се стари фотографии кои се направени од страна на одредената компанија. Значи тоа не се примероците за петте вратени цистерни во периодов од кога се прават контроли. Што се однесува до анализите секако ќе бидат семеи во предвид, но треба да се знае дека мобилната лабораторија кој е во споственост на државата и акредитираните лаборатории во нашата држава нивните резултати се акредитирани и конечни, а во делот на супер анализата нека ни ги достават компаниите, а надлежните институции ќе ги земат во предвид, додаде Бектеши.

Слични содржини