„Се уште во детали го немаме видено овој документ, но можам да потенцирам дека граѓаните на С.Македонија цврсто се одлучија да застанат зад Охридскиот и Преспанскиот договор и тоа се темели за нов пат на модерно општество кое се трансформира по патот кон ЕУ и мислам дека ова е порака е до оние сите кои сакаат да ги блокираат сите процеси во државата“, вели вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски во врска со декретот на Бајден .
Николовски кажа дека со овие реформи ни е овозможено да бидеме дело од НАТО како и да бидеме пред почетокот на преговорите со ЕУ.
Американскиот претседател Џо Бајден издаде извршна наредба за блокирање на имотот и забрана за влез на лица кои придонесуваат за дестабилизација на ситуацијата на Западен Балкан.
Со овој указ, Бајден го прошири опсегот на извршната наредба издадена на 26 јуни 2001 година, со што, да потсетиме, го блокираше имотот на лицата кои тогаш се закануваа со меѓународни напори за стабилизација на Западен Балкан.