Се намалува бројот на активни случаи, во Скопје има 212 заразени лица

од Берта Китинска
233 прегледи

Бројот на активни случаи се намалува секојдневно. Во моментов ниту едно заболено лице со ковид 19 нема во Пехчево, Дојран, Демир Капија и Богданци .Поголемиот дел од градовите имаат по едноцифрен број на заразени лица.

Во главниот град кој беше ковид жариште сега се регистрирани само 212 активни случаи.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.