Денес министерот Јетон Шаќири го одржа првиот состанок со претставниците на Space Exploration Technologies Corporation, поинаку позната и како Спејс Икс (SpaceX).
Министерството за информатичко општество и администрација бара најдобри опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните и руралните средини кои сè уште немаат пристап до интернет, како и за можностите за подобрување на поврзаноста во сите области и градови на Република Северна Македонија.
Министерството за информатичко општество и администрација ќе соработува со Владата на Република Северна Македонија и ќе бара начини за субвенционирање на интернет конекциите за клиенти преку добро осмислен систем на ваучери, земајќи го примерот на другите европски земји, во овој случај , Германија.
Постигнување брзина на Интернет од 300 Mbps за секое домаќинство, дури и во најдлабоките области на државата, е целта што мора да ја постигнеме на крајот од спроведувањето на овој проект.
Министерот Шаќири информира дека разговорите со компанијата управувана од Elon Musk, SpaceX, ќе продолжат и како резултат се надеваме дека ќе им донесеме подобри услуги на нашите граѓани.