351
Според информациите на италијански „Скај“, Пауло Фонсека ќе биде на чело на Тотенхем од следната сезона.
Добро упатени извори тврдат дека сè е веќе договорено и работата наскоро ќе биде официјализирана, а станува збор за договор на три години.
Новиот стратег на Тотенхем беше тренер на Рома во претходните две години.
Тој беше тренер и на Шахтјор, Брага, Фереира, Порто, Авес.
Како тренер освои вкупно девет трофеи.
До доаѓањето на Фонсека, многу имиња беа во центарот на вниманието, а еден од кандидатите беше поранешниот тренер Маурисио Покетино.