Милан има нов тренер!

од Vladimir Zorba

Пауло Фонсека (51) ќе стане нов тренер на Милан, објавија денеска неколку италијански медиуми.

За Португалецот тоа ќе биде 11. клуб во неговата тренерска кариера и секако најголем, иако раководеше со гиганти како Порто и Рома.

Тој доаѓа на „Сан Сиро“ да го замени Стефано Пиоли откако претходно забележа извонредни резултати во две сезони со Лил и Лига 1 ја заврши на петтото и четвртото место на табелата.

Фонсека ќе ги преземе „росонерите“ по убедливо најдолгиот период во кој еден тренер работи континуирано во клубот. Меѓу него и Пиоли работеа дури пет тренери, од кои ниту еден цела сезона – Кларенс Седорф, Филипо Инзаги, Синиша Михајловиќ, Кристијано Броки и Винченцо Монтела.

Пиоли дојде во Милан во октомври 2019 година и помина речиси пет цели сезони во клубот, за време на кои освои едно скудето.

Се очекува Милан наскоро да ја официјализира соработката со стручњакот кој е роден во Мозамбик, кога ќе бидат познати и деталите од договорот.

Медиумите на Апенините го препознаваат доаѓањето на Фонсека во Милан како заминување на Антонио Конте во Наполи, со оглед на тоа што поранешниот селектор на Италија беше еден од кандидатите за наследник на Пиоли.

Слични содржини