Интер останува без напаѓач

од Vladimir Zorba
343 прегледи

Менаџерот на Лаутаро Мартинез потврди дека неговиот играч ја одбил последната понуда на Интер и скоро сигурно ќе го напушти тимот од Милано.

Во важечкиот договор меѓу Мартинез и Интер има отказна клаузула од дури 111 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми, но неодамна беше објавено дека „нероазурите“ ќе го ослободат за 90 милиони.

Аргентинецот беше близу да се пресели во Барселона минатото лето, но немаше ништо од тоа, неодамна беше поврзуван и со Атлетико, но нема да има ништо ниту од тоа, бидејќи Диего Симеоне процени дека Лаутаро е прескап.

– Барса е еден од најголемите клубови во светот, би било тешко да се одбие, но прво мора да се фокусираме на ситуацијата во Интер. Поточно, никој од Барса не ни се јави, изјави менаџерот на Мартинез, Алехандро Камано.

Слични содржини