Утрово на улица Орце Николов во општина Центар беа исечени 13 дрвата. Граѓаните објавувајќи фотографии и видеа на социјалните мрежи пишуваат дека се случува масакар на дрвата долж улицата, брајќи одговор од надлежните.
Градоначалникот на центар Саша Богдановиќ обајсни дека дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебл.
-Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрва на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“.Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите.Отстранетите дрва наскоро ќе бидат заменети со нови, висококвалитетни садници од видот Јавор, кои од наесен дополнително ќе го красат новиот лик на улицата „Орце Николов“, информираше градоначалникот.