Одличните со сите петки паднаа на тестот за упис во гимназијата „Орце Николов“

од Берта Китинска

На социјалните мрежи изминатите денови беше објавена информација за спроведенето тестирање во средното училиште „Орце Николов“ каде биле пријавени повеќе од 200 ученици со одличен успех, но по спроведеното тестирање само 11 од нив го постигнале истиот успех.

Професорката Елизабета Секирарска, ги сподели поразителни резултати од квалификациониот приемен испит во скопската гимназија „Орце Николов“, поради огромната конкуренција на „петкаши“.

-Четиво за добра ноќ (иако е посоодветно да кажам за бессоние): Во гимназијата “Орце Николов” оваа учебна година се спроведуваше квалификационен, приемен испит поради поголемиот број на пријавени ученици со сите петки. Биле тестирани 292 ученици (сите одлични, со просек 5,00) Тестот по математика носел максимум 100 поени, а по мајчин јазик максимум 70 поени. Податоците се преземени од колешка Оле, а резултатите оставаат без текст:

1. Одличен успех (над 129 бода, т.е. над 76%) имаат покажано само 11 ученици, односно само 3,76% од тестираните.

2. Многу добар успех (од 107 до 129 бода, т.е. од 63 до 76%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36% од тестираните.

3. Добар успех (од 67 до 106 бода, т.е. од 39 до 63%) имаат покажно 133 ученици, односно 45,55% од тестираните.

4. Доволен успех (од 45 до 66 бода, т.е. од 26 до 39%) имаат покажно 70 ученици, односно 23,97% од тестираните.

5. Недоволен успех (под 45 бода, т.е. под 26%) имаат покажно 39 ученици, односно 13,36%од тестираните.

Јас немам што да додадам. Срам ми е, напиша професорката на својата објава.

Слични содржини