Филипче: Вчера вкупно се вакцинирале 9.631 граѓани

од Берта Китинска
133 прегледи

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, информира министерот за здравство Венко Филипче.

-Вкупно се аплицирани 420.821 дози вакцини, а ревакцинирани се 168.284 граѓани.Вчера вкупно се вакцинирале 9.631 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.391 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 446.195 граѓани.Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.Со последните бројки 42% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.Со последните бројки 35% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцинаПријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација, информираше Филипче.

Слични содржини