Експлозија на плинска боца, тешко повредена 66-годишна жена

од Nikola Popovski
305 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека 66-годишна жена од Пробиштип е повредена откако вчера во нејзиниот дом експлодирала плинска боца.

Според информациите, жената била пренесена во Клиничката болница Штип за укажување лекарска помош.

„Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Пробиштип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Слични содржини