ЕК до Западен Балкан: Стрпете се за слободно патување во ЕУ

од Nikola Popovski
223 прегледи

Европската комисија го поздравува напредокот постигнат од земјите од Западен Балкан во епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но вели дека треба да се биде трпелив се додека регионот конечно не се стави на списокот на „безбедни“ земји на чии граѓани нема да им се ограничува влезот во ЕУ.

„Не сакаме да создадеме ситуација во која граѓаните на Западен Балкан ќе бидат третирани полошо отколку што дозволува здравствената состојба во регионот. Но, ЕУ не сака на кој било начин да го загрози напредокот што е постигнат во борбата против пандемијата и сето тоа со цел да се ослободи од сите ограничувања и да им се овозможи на сите можност да патуваат“, изјави портпаролот на Комисијата Аделбер Јанц , пренесува Танјуг.

На констатација на медиумите, дека граѓаните на Западен Балкан се изолирани повеќе од една година, и дека последните епидемиолошки податоци покажуваат дека земјите од регионот ги исполнуваат основните критериуми предложени од ЕК како услов за наведување на „безбедни“ земји, Комисијата вели дека ги разбираат очекувањата на граѓаните од западниот балкан, но исто така и дека на земјите-членки е да одлучат за проширување на списокот, кој се ревидира на секои две недели.

„Советот на ЕУ ја зема предвид целата листа на критериуми, не само вкупниот број на случаи по глава на жител, туку и трендовите во нови случаи, бројот на тестови, процентот на позитивни тестови и вкупниот одговор на Ковид-19. Тоа е повеќе глобално, а не чисто нумеричко оценување, што е целосно во рацете на земјите-членки “, објаснува Јанц.

Тој потсетува дека Комисијата им препорача на земјите-членки да дозволат патување во ЕУ за сите патници кои примиле вакцини одобрени од ЕМА, и дека тоа веќе им овозможува патување на голем број граѓани од Западен Балкан.

„Ние не ја доведуваме во прашање нашата посветеност кон Западен Балкан, особено кога станува збор за безвизно патување. „Ние само се обидуваме да ја потиснеме пандемијата, која продолжува да се заканува и покрај напредокот во здравствената заштита и вакцинацијата“, заклучи Јанц.

Слични содржини