Германскиот советодавен одбор за вакцини, познат како СТИКО, денес препорача дека само децата и адолесцентите кои имаат други болести, треба да примат вакцина против коронавирус произведена од Фајзер и неговиот партнер Бионтек.
СТИКО во изјавата наведува дека препорачува вакцинација само за оние млади луѓе кои имаат болести кои го зголемуваат ризикот од добивање сериозни случаи на коронавирус, објави Ројтерс, пренесува Танјуг.
Одборот не препорача да се дава вакцина на деца и адолесценти на возраст од 12 до 17 години кои немаат други болести, иако додаде дека лекарите исто така можат да даваат вакцини на таа категорија доколку индивидуално го прифаќаат ризикот.
Германија од јуни планира да понуди вакцинација на деца на возраст од 12 години, откако минатиот месец Европската агенција за лекови ја одобри вакцинацијата на адолесцентите.