Полицискиот час можно е да се укине, во шест општини нема заразени со ковид 19

од Берта Китинска
308 прегледи

Бројот на заразени со ковид 19 се намалува секојдневно.Вчера беа регистрирани нови 18 слуачи. Според податоците на министерството за здравство регистрирани се 437  активен случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.Во моментов ниту едно заболено лице со ковид 19 нема во: Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија ,Пехчево, Дојран

Министерот за здравство, Венко Филипче, навести дека е можно укинување на полицискиот час.

„Во однос на тоа што ќе се случува во месеците пред нас, ќе дискутираме на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник. Ќе зборуваме за полицискиот час. Веројатно ако вака продолжат трендовите на опаѓање, а според нашите анализи нема никакви најави за факторот за преносливост да се смени, тогаш полицискиот час би требало да се укине. Во летните месеци со одредени протокол да се одвиваат сите оние настани и концерти, за постепено животот да се враќа во нормала. Нема ризик за организирање на такво нешто“, информира Филипче во „Само вистина“.

Слични содржини