292
По средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден во пресрет на самитот на Г7, британскиот премиер Борис Џонсон оцени дека врските меѓу Лондон и Вашингтон се „неуништливи“.
„Ова е неуништлива врска која трае многу долго и игра важна улога во мирот и просперитетот во Европа и светот“, рече Џnонсон во интервјуто емитувано од Би-Би-Си во петокот наутро.
За време на нивната прва средба во четвртокот, двајцата лидери детално разговарале за 25 теми.
Во Велика Британија започнува самитот на Групата седум најразвиени индустриски земји во светот, првиот што ќе се одржи во живо од избувнувањето на пандемијата.