Пандов: Ако верувате на ликови како Заев, Бучковски и Димитров, тогаш сигурно верувате и во Дедо Мраз!

од Берта Китинска
296 прегледи

Ако вие верувате на ликови како Заев, Бучковски и Димитров, тогаш вие сигурно верувате и во Дедо Мраз!, вели во изјава за „Локално“, Александар Пандов поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата коментирајќи ја неодманешната изјава на специјалниот пратеник на Владата за Бугарија, Владо Бучковски, кој рече дека владините позици за преговорите се кристално јасни, но за жал како што изјави тој:„Мицкоски е генератор на лажни вести“.

За Пандов наредба на претседателот на САД, Џо Бајден која опфаќа замрзанување на имот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор, е одлична одлука.
На прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ очекува поголема масовност на протестите во наредните денови, аналитичарот кусо одговри „Не“.

Опозицијата и денеска одржа протест пред Министерството за надворешни работи со барање до власта да каже за што се разговара со Софија во однос на Договорот за пријателство.

Членот на ИК, пратеникот Антонијо Милошоски на протестот ги повика премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, да се појават пред Собранието и пред народните избраници и на граѓаните преку пратениците да објаснат, како што вели, за кои дополнителни анекси се разговара по однос на Договорот со Бугарија.

За викендот ВМРО-ДПМНЕ ќе има активности во Битола со Унијата на млади сили каде ќе се одржи годишна конференција.

Б.М.

Слични содржини