Самата средба на претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден, може да спречи влошување на односите меѓу двете земји, оцени денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој за Си-Ен-Ен изјавил дека лошите односи меѓу двете земји се главната причина за тој состанок.
„Ова е критично ниво на односи што бара средба меѓу претседателите на двете земји со цел да се спречи понатамошно нарушување на односите“, нагласил Песков.
Тој исто така рекол дека Русија не очекува Путин и Бајден да одржат заедничка прес-конференција по состанокот.
„Слушнавме за оваа можност од нашите американски колеги, но сè уште ја чекаме конечната потврда. Од самиот почеток, претседателот Путин беше отворен за сите опции“, рече Песков.
Тој додаде дека Путин е подготвен да учествува на заедничката прес-конференција, но и да го одржи своето во Женева.
Самитот на лидерите на Русија и САД ќе се одржи на 16 јуни во Женева.