340
Во време кога во Австрија сè уште недостигаат вакцини против коронавирус, поради човечка грешка, околу 1.800 дози вакцина Бионтек-Фајзер пропаднаа во провинцијата Стирија.
Поради човечка грешка, дошло до прекин на електричната енергија, а со тоа и исклучување на системот за ладење на вакцините во градот Шварцелце.
Кога проблемот бил забележан, веќе било доцна и вакцините не можеле да се зачуваат.
Истрагата покажа дека не станува збор за логистички проблем, за кој првично се претпоставуваше, туку дека снабдувањето со електрична енергија на уредот за ладење на вакцината било прекинато за време на работите во центарот за вакцинација.