МВР: 51 санкции за возење под дејство на алкохол, 112 казнети мотоциклисти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
190 прегледи

Министерството за внатрешни работи во изминативе денови спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на возачите што управуваат возило под дејство на алкохол, како и за санкционирање на прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли..

Во текот на вчерашниот ден (11.06) санкционирани се 51 возач за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 112 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Крушево.