Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за цената на горивата, велат од СДСМ

од Vladimir Zorba
158 прегледи

„Владата предводена од СДСМ, институциите преземаа сериозни чекори за заштита на животната средина. Реални резултати покажуваат сериозно намалување на загаденоста на воздухот и животната средина во изминатите години“, реагираат од СДСМ на пресот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Лажна е и загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за цената на горивата. Граѓаните паметат дека во 2012 година горивата достигнаа највисока цена, а граѓаните за литар Еуросупер 95 плаќаа 89 денари, за Еуросупер 98- 90,5 денари, а дизелот чинеше 73,5 денари.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски со ништо не придонесува за доброто на граѓаните. Напротив, се што прави се блокади деструкции и лажни вести. Затоа можат да очекуваат нов пораз од граѓаните на претстојните локални избори“, истакнуваат од „Бихаќка“.

Слични содржини