„Србија планира да се врати, ние мора да се браниме по секоја цена“

од Vladimir Zorba
229 прегледи

Претседателот на Собранието на Косово, Гљаук Коњуфча, денес изјави дека Србија „планира да се врати на Косово и дека го смета за нејзина земја“.

Тој рече дека Албанците мора да бидат подготвени, како што рече, „да ја бранат својата татковина по секоја цена“.

„Сè додека Србија нè има во својот Устав и сè додека нè смета за своја земја, со Србија ништо не е готово“, рече Коњуфча во Поклек, каде што Албанците ја одбележуваат 22-годишнината од влегувањето на НАТО на Косово, пренесе „Репортери“.

Тој тврди дека „опасноста и заплашувањето“, кои, како што вели, ги спроведува Србија, сè уште не поминале и дека „заканите на Србија се денес присутни повеќе од кога било пред 12 јуни 1999 година“.

„Сè додека Србија има планови да се врати на Косово и воопшто не ги крие, ние мора да бидеме подготвени по секоја цена да ја браниме својата татковина“, рече Коњуфца.