Данските фудбалери долго ќе ги прогонува сцената на колапсот на Кристијан Ериксен и борбата за неговиот живот среде теренот во Копенхаген.
Се чинеше драматично во секоја секунда, а докторот на данската репрезентација, д-р Мортен Боесен, потврди дека било „на работ“. Според него, Ериксен во еден момент го изгубил пулсот и не дишел. Секунди решавале за неговиот живот.
За среќа, данскиот фудбалер сега е во стабилна состојба во болницата, и тоа е најважно од сè.
„Како прво, дозволете ми да кажам дека сè уште не сум разговарал со Кристијан, ниту со неговото семејство, па ќе зборувам само за она што сите го видовте. Тие не повикаа на терен кога Ериксен падна. Лежеше на страна кога стигнавме до него, тој дишеше, имаше пулс“, ја започна приказната Босен.
Но, одеднаш сè се смени.
„Ситуацијата се сврте, тој престана да дише, пулсот му се изгуби. Веднаш започнавме со масажа на срцето, докторот на стадионот брзо ни помогна и успеавме да го вратиме Кристијан“.
Д-р Босен не разговарал со Ериксен за сè, но му олеснало што накратко го слушнал неговиот глас.
„Кристијан разговараше кратко само со мене кога беше пренесен во болница“, рече Босен.
Селекторот на Данска рече дека неговите играчи побарале, кога слушнале дека Ериксен е стабилен, да ја продолжат играта истата вечер, но во потполно потресена состојба загубија од Финска со 1:0.