Премиерот Зоран Заев во своето интервју за српски „Курир“,ракажа за својот приватен живот, бизнисот, политиката и семејството.
Заев вели дека живее во Струмица со децата и сопругата во иста куќа со своите родители .
-Живееме среќно, не премногу богато. Во нашата куќа, правило е дека треба да има доволно пари дома за нормален и добар живот. Сè друго е капитал и инвестиции. Парите се проблем кога ги немате, но исто така се проблем и кога имате премногу. За среќа, немавме проблеми со парите. Но, имаше луѓе околу нас многу пари кои ги доведоа до девијантни појави – коцкање, потоа бесни автомобил, а потоа некои и почина. Сега немам ни свој автомобил. Сопругата ме убеди да го продадам, како и нејзиниот, па купи еден за себе со парите од тие два автомобила.
Кога сопругата и мајка ми велат „ајде ова, ајде она“, се качувам на мотор, пуштам музика и уживам
Кога бев градоначалник на Струмица имав „Лада Самара“, и „Ауди 4“ и дојдов до „Ауди 6“. И тоа е тоа. Немам „бесен“автомобил или „порше“, како што беше пишувано. И јас не сум љубител на автомобили. Сега ме возат со државноиот, но јас уживам во моторите. Кога возам низ Скопје, возам мотор. Неодамна платив парична казна затоа што возев низ градот без кацига со вицепремиерот и министерот за здравство. Направивме прекршок и ја плативме казната. За време на викендите се враќам дома во Струмица со мотор. Кога ќе се вратам дома, има список, а жената ми вели: „Ајде, ова, ајде она“, а потоа и мајка ми истиот ми го вели , јас тогаш се качувам на моторот. Кога сум на мотор си пушташ музика и си сам со себе уживам. Слушам JУ музика, и повеќе балади, тие ме релаксираат. Се релаксирам со моите пријатели во Струмица, никој не спомнува политика, седиме, пиеме вино, вели Заев.
Целата животна приказна на следниот линк!