По чајанката со 95-годишната кралица во замокот Виндзор, американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека кралицата Елизабета Втора го потсетува на неговата мајка.
„Не мислам дека ќе биде навредена, но ме потсети на мајка ми, нејзиниот изглед и нејзината дарежливост“, рече Бајден.
Бајден рече дека британската кралица Елизабета Втора денес се распрашувала за претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, пренесува Ројтерс.
Претходно денес, кралицата беше домаќин на Бајден и неговата сопруга Џил во замокот Виндзор, со највисоки државни почести, по Самитот на Г7 во Корнвол, на југозападот од Англија.