Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 % во однос на Одлуката од 7.06.2021 година.
-Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,348 ден/кг и сега ќе изнесува 35,237 ден/кг.
Од 15.6.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 68,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 70,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 61,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 61,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,237 (денари/килограм)
Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,377 %, дизелот за 2,116 %, екстра лесното масло за 2,606 % и кај мазутот зголемувањето е за 1,029 %.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,265 %.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 15.6.2021 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, информираа од РКЕ.