Американскиот производител на вакцини „Новавакс“ денес објави дека според последните студии, ефикасноста на нивната вакцина против коронавирусот е дури 90 проценти.
Иако големата побарувачка за вакцини во САД драматично опадна, побарувачката за вакцини ширум светот е сè уште критична, а вакцината „Нововакс“, која е лесна за чување и транспорт, се очекува да игра важна улога во зголемувањето на залихите на вакцини ширум светот, пренесе АП.
Многу вакцини ќе одат во земји со ниски и средни примања, рече извршниот директор Стенли Ерк, додавајќи дека „Новавакс“ досега беше многу успешна во различни земји со луѓе од сите возрасти и дека нема извештаи за невообичаени згрутчување на крвта и слични проблеми.
Студијата за „Нововакс“ опфати 30.000 лица постари од 18 години, од кои две третини примиле две дози на вакцината, а една третина лажна инјекција.
77 случаи на КОВИД-19 се пријавени кај вакцинирани лица и 14 кај вакцинирани со лажна инјекција, во кои инфекцијата била во многу посилна форма.
Несаканите ефекти главно биле болка на местото на вакцината.