Министерството за внатрешни работи соопшти дека полициски службеници од СВР Тетово денескa во периодот од 16 часот и 30 минути до 18 часот, извршија претрес во домот на Е.А. (26) во Тетово.
Според полицијата, при претресот, пронајдени се 44 пакувања со марихуана.
Тој е лишен од слобода, а марихуаната е одземена за вештачење и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по Кривичниот законик, информира МВР.